Појаснување околу неисплатените плати за месец август во НУ „Охридско лето“

од admin_kult

Министерството за култура и туризам, почитувајќи ги кредибилитетот и реномето на НУ „Охридско лето“, а во врска со дописот на Синдикатот на културата на Р Македонија, информира дека Министерството за култура и туризам продолжува да дејствува во насока на почитување на правата од работен однос за вработените во НУ „Охридско лето“, но и да инсистира на законското постапување.

Институцијата е должна да постапи во врска со последното писмено известување добиено од Министерството за култура и туризам и да достави до Министерството коригирана пресметка на плата за месецот август 2024 г., во која нема да бидат содржани износи што се однесуваат на додаток на плата, без тој да биде претходно законски основан.

Уште еднаш потенцираме дека Министерството за култура и туризам не спори да изврши исплата на основната плата на вработените во „Охридско лето“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе