Започна Фестивалот на античка драма „Стоби“ во Велес

од admin_kult

Со претставата „Цар Едип“ во изведба на Народниот театар од Сараево, во режија на Диего де Бреа, вчеравечер во Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес  започна  21-то издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“.

Оваа година во официјална конкуренција за наградите се пет претстави од БиХ, Јужна Кореја, Бугарија, Унгарија и од Македонија, а Универзитетот „Прима Европа“ е во придружната програма.

Доделувањето на наградите на Фестивалот, кој ќе трае до 5 октомври, ќе се одржи на 10 октомври кога ќе настапи Националниот ансамбл „Танец“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе