Денеска бесплатен влез во Археолошкиот музеј на РС Македонија

од admin_kult

НУ Археолошки музеј на РС Македонија и оваа година е дел од манифестацијата „Европски денови на културното наследство – Културни патеки, поврзувања и вмрежувања“, која од 23 до 29 септември се реализира во музеите и на археолошките локалитети во земјава. По тој повод денеска, среда (25 септември), влезот во Музејот е бесплатен за сите посетители.

Одбележувањето на Европските денови на културното наследство (ЕДКН) на европско ниво започна во септември 1991 година, на иницијатива од Советот на Европа и со поддршка од Европската Унија. Република Македонија се приклучи кон ова одбележување во 1996 година. Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе