Отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ со „Црнила ремикс“

од admin_kult

Со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“, вечер ќе биде отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер на ова современо читање на драмското дело „Црнила“ од Коле Чашуле е Јордан Симонов, кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот“ го постави овој проект во современ.

Актерската екипа ја сочинуваат Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“.

Ова оригинално сценско дело е претставувано на повеќе домашни и меѓународни фестивали, меѓу кои и на „Егзит“, а за најдобра употреба на музика ја доби наградата на Меѓународниот театарски фестивал за џез „Нишвил“ во Србија. Претставата е во продукција на МКЦ.

Како што најавија од МНТ, во музичкиот дел од програмата, публиката ќе ја забавуваат Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, „Пијан Славеј“, „The Ringtones“, „LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.Ν.Ι.Ν“, како и други популарни домашни диџеи. Исто така, ќе настапи и Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“.

Покрај претставите „Мој термин“, „Кец на десетка“, „Не се клади на Енглези“, ќе бидат одиграни и претстави од другите театри од државава, како и стендапот „Широк дијафазон“ со Сашко Коцев.

Од МНТ најавија дека на 20 септември ќе се одигра комедијата „Вечера за глупаци“ во продукција на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. На 30 септември ќе се одигра и дипломската претстава од ФДУ – Скопје, „Сакатиот од Инишман“ од Мартин Мекдона.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе