Изложба на Христина Зафировска во КИЦ – Софија

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија денеска (11 септември) во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата „Циклус 19 II“ на академската уметница Христина Зафировска.

Во делата, Зафировска комбинира повеќе начини на изразност – објекти со поп-артистички колористички изведби, плошни решенија, каде што дводимензионалноста на геометриските форми и поединечните секвенци стануваат целини.

Зафировска реализирала повеќе индивидуални проекти во кои се обработуваат теми како: зачеток на создавањето, меѓучовечки односи, подобрување на правата и третманот на жените во општеството и принудната изолација. Нејзините изложби се претставени во Германија, Франција, Бугарија, Турција, Њујорк и во повеќето градови во земјава.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе