Изложба по повод 120 години од раѓањето на сликарот Томо Владимирски

од admin_kult

По повод 120 години од раѓањето на еден од основоположниците на македонскиот модернизам во ликовната уметност, Томо Владимирски, вечер во Даут-пашиниот амам ќе биде отворена изложба што ја подготви кустосот советник Ана Франговска.

Како што информира Националата галерија, изложбата ќе биде поставена во Даут-пашиниот амам цел месец. На неа се изложени околу 70 дела во техниките масло на платно и лесонит, а се сопственост на семејството на Владимирски, но и на голем број приватни сопственици и почитувачи на делото на Владимирски.

Покрај уметнички дела, ќе биде изложен и документарен материјал, кој ќе ги претстави личноста и значењето на Владимирски, но и проекција на дела од Владимирски во аугментативна реалност, т. е. анимирани, со што на самиот проект ќе му се даде една мултимедијална димензија и разновидни сензации. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе