Министерот Љутков се сретна со работната група за надминување на состојбите во Старата скопска чаршија

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска го одржа првиот состанок со работната група составена од чинители кои имаат надлежност во заштитата и решавањето на секојдневните предизвици во Старата скопска чаршија.

Формирањето на ова работно тело следува по неодамнешната посета на Занаетчиската комора и на Старата скопска чаршија каде што министерот Љутков се запозна со секојдевните проблеми во оваа значајна споменична целина.

Во работната група што ја формираше Министерството за култура и туризам членуваат: Висар Ганиу, градоначалник на Чаир; Весела Честоева, в. д. директорка на Управата за заштита на културното наследство; Борче Топуковски, в. д. директор на Музејот на РС Македонија; Марија С. Ѓоргова, државен секретар во Министерството за култура и туризам; Давча Спасова, советничка во Секторот за заштита на културното наследство и Нехмедин Буши, претставник од Занаетчиската комора на Скопје.

На средбата се дискутураше за изнаоѓање решенија за надминување на проблемите во Старата скопска чаршија. Соговорниците ги разгледаа можностите како да се овозможи полесен пристап за сите посетители на Чаршијата, како и долгорочно да се реши проблемот со паркинг-просторот, за да се создадат услови овој споменик на културата да биде достапен за сите.

На барање од занаетчиите и од сопствениците на дуќани во Чаршијата, а во интерес на посетителите, работната група, во соработка со надлежните институции, ќе ја разгледа можноста недела да биде работен ден за Чаршијата имајќи предвид дека тоа може да значи придонес во развојот на локалната економија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе