Средба на министерот за култура и туризам со претседателот на Националниот сојуз на слепи

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се сретна со претседателот на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Жарко Селковски.

На средбата министерот Љутков и Селковски разговараа за предизвиците со кои се соочуваат слепите во државава, за активностите за заштита на нивните права, како и за начините за подобрување на квалитетот на нивниот живот во сите сегменти од општеството.

Министерот Љутков потенцираше дека Министерството за култура и туризам останува посветено на инклузијата на лицата со посебни потреби за нивно целосно учество во културниот живот,  како и на подобрување на условите за пристап до установите од областа на културата.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе