Љутков од Музејот на Македонија: Со проектот за темелна реконструкција ќе го вратиме сјајот на музејскиот комплекс

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети најстарата и најголема музејска институција, Музејот на С Македонија. На средбата со в. д. директорот Борче Топуковски стана збор за состојбата, но и за начините како да се врати сјајот на Музејот што го собира, го чува, го проучува и го презентира нашето културно-историско наследство.
„Проектот за темелна реконструкција на музејскиот комплекс е изработен и водиме постапка за добивање одобрение за градба, со што веднаш би се започнало со реконструкција на покривот, а за темелна реконструкција на другиот дел од објектот во следниот период ќе следува тендер со повеќегодишна јавна набавка“, информираше Љутков.
Инаку, според Љутков, поради негрижата на претходната власт, Музејот е многу запуштен и e во многу лоша состојба. Разочарувачки е и фактот што „Галеријата на икони“, која е прогласена за културно наследство од особено значење, сè уште е затворена поради паднатиот плафон, а последната делумна реконструкција на покривната конструкција е изведена во 2010 година. Управната зграда и депоата, исто така, протекуваат и има голема влага, а во однос на кадарот, во последните три години има само едно вработување иако триесетина вработени заминале во пензија.
Љутков изрази уверување дека со реализација на сите фази од проектот ќе се добие музејска институција според сите стандарди која, како што рече, ќе продолжи да биде чувар на нашето материјално и духовно културно наследство, како и достоен репрезент на нашата култура и традиција. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе