Свечено затворање на фестивалот „Охридско лето“ со претставата „Алиса во земјата на стравовите“

од admin_kult

Со претставата „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски и во изведба на Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија, вечер (20 август) на сцената на Античкиот театар свечено ќе биде затворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Драмскиот текст на „Алиса во земјата на стравовите“ е инспириран од епизоди од книгата „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Карол. Сценографија е на „Numen/For Use“ и Вања Магиќ, костимограф е Миа Поповска, музиката на Марјан Неќак. Улогите ги толкуваат: Милена Радуловиќ, Небојша Љубишиќ, Слобода Миќаловиќ, Радован Вујовиќ, Милан Мариќ, Јована Беловиќ, Ива Манојловиќ, Тамара Сустиќ, Денис Муриќ. Претставата не е наменета за лица под 14 годишна возраст.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе