Во МСУ до 26 август е отворена изложбата „Аквизиции – Донации 2022 – 2023“

од admin_kult

Во Музејот на современата уметност – Скопје, до 26 август за посетителите е достапна изложбата „Аквизиции – Донации 2022 – 2023“ под кураторство на Ива Димовски.

Изложени се дела од реномирани македонски и светски познати уметници, што нашиот музеј ги има добиено по пат на аквизиции и донации.

МСУ – Скопје веќе долго време ја развива меѓународната активност преку значајни музејски проекти. Потврда за тоа се прилози за дел од проектите на МСУ во најугледните светски списанија за уметност: „Артфорум“, „Фриз“, „E-флукс“…

По донациите од рускиот колектив „Ч’то делат“, холандскиот уметник Јонас Стал и германските уметници Јана Детмер и Моника вон Ешенбах, Музејот неодамна доби и десет нови подароци, цртежи и колажи од светски реномираните полски уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхајмер, како и серија од пет скулптури, донација од светски познатиот автор Ахмет Огут.

Покрај меѓународните донации, Музејот доби подароци и од македонски уметници.

Значаен прилог за периодот на уметноста во седумдесеттите и осумдесеттите години на 20 век се и 55 дела од авторот Симон Узуновски, што ги подарија неговите наследници.

На изложбата се претставени дела од македонски и од странски автори што Музејот ги добил по пат на донации од самите автори/наследници, односно 82 дела од 16 автори, од кои 55 уметнички дела се од авторот Симон Узуновски. А по пат на аквизиции, кои последен пат се реализирани во 2022 година, откупени се дела од двајца македонски автори: Јован Шумковски и Симон Узуновски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе