Завршен концерт на Семинарот по виолина, виола и камерна музика

од admin_kult

На програмата на „Охридско лето“ денеска е завршниот концерт на учесниците на Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, под уметничко раководство на виолинистот Емилио Перцан. На вечерашниот концерт ќе настапи и пијанистката Тамила Гулијева, дипломка и магистерка на Музичката академија во Баку (Азербејџан).

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 17:00 часот.

Семинарот го посетуваат млади виолинисти од Русија, Германија, Австрија, Хрватска, Грција, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и од земјава. На семинарите,  исто така,  редовно учествуваат и педагози и изведувачи, професионални музичари кои доаѓаат на усовршување.

Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика постои од 2009 година. Првите три години се одржува во Истра, Р. Хрватска, за од 2014 година се одржува во Охрид со поддршка на Министерството за култура на Р. Македонија и на градот Охрид.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе