Изложбената поставка „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“на Жарко Башески од утре во Охрид

од admin_kult

Новата изложбена поставка на склупторот Жарко Башески насловена како „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ ќе биде отворена вечерва во 20:00 часот во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ на МАНУ во Охрид.

Изложбата што ќе трае до 27 август вклучува десетина веќе познати дела на авторот, но и презентација на сосема нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик.

Станува збор за идеја развивана заедно со амбасадорот Јордан Плевнеш, авторот на најкраткиот роман во светската историја „Осмото светско чудо“, колевка на цивилизацијата.

Куратори на изложбата се Плевнеш и Венко Андоновски.

Концептуалниот проект „осмо светско чудо“ како идеја предвидува поставување огромна бронзена скулптура на планината Галичица, на местото од каде се гледаат двете езера – Охридското и Преспанското.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе