Осмо издание на фестивалот за краток филм „Drim Short“

од admin_kult

Под мотото „Бесконечна слобода“ денеска во Струга почна осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“.

Во четирите фестивалски дена ќе бидат прикажани  филмови кои се дел од интернационалната, регионалната и студентската програма  поддржана од Europe House Struga како и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, а во селекција на режисерот Иван Бакрач.

Она што е значајно е тоа што и годинава нема да изостане промоцијата на македонски филмови, како и едукативниот дел од фестивалот.

Во рамки на едукативниот дел, предвидени се два мастеркласови и една дискусија за филм на тема „Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот.

Музичката програма, пак, е фокусирана на домашни изведувачи. Фестивалот го отвори групата Фолтин со целовечерен концерт, а завесата ќе биде спуштена со настап на групата „Искра“, која со себе носи информации од иднината.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе