Уметничкиот проект „Од Букурешт до Мадрид“ во рамките на Романската вечер на „Охридско лето“

од admin_kult

Фестивалот „Охридско лето“ во втората половина од годинашната програма влегува со Романската вечер и избрана музичка програма наречена „Од Букурешт до Мадрид“ во изведба на уметниците Ирина Муртезану на виолина и Даниел дел Пино на пијано.

На програмата на вечерашниот концерт, кој ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21:00 часот, се дела од: Константинеску од Романија, унгарскиот композитор Барток, Брамс од Германија, Крајслер од Австрија, Равел како претставник на Франција, Де Фаља и Де Сарасате како композитори од Шпанија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе