Поддршка за иновацијата на „Биохајд“ и можностите за широка примена во повеќе индустрии

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љуткав се сретна со трите амбициозни македонски студентки Ангелина Серафимовска, Бисера Поповска и Надица Десанова кои создадоа кожа од комбуха, и се соосновачи на старт ап компанијата, „Биохајд“ (BioHide).

Тие нивната иновација ја формализираа преку „Биохејд“ и го запознаа министерот Љутков со можностите за нејзината широка примена во повеќе индустрии.

Министерот Љутков изрази поддршка на нивната идеја, иновацијата да најде примена во развојот на модната и во автомобилската индустрија.

Приоритет на Министерството за култура и туризам е и развојот на креативните индустрии, а токму ваквите проекти ќе наидат на сериозна поддршка зашто креативните индустрии во светот веќе се сериозен фактор за развој на културата и уметноста. Нивниот развој истовремено гарантира не сaмо самоодржливoст туку и e сериозен фактор за развојот на севкупното општество.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе