Министерот Љутков му посака добредојде на новoименуваниот заменик- министер за култура и туризам, Сулејмани

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во својот кабинет му посака срдечно добредојде во Министерството за култура и туризам на новоименуваниот заменик-министер за култура и туризам, Седат Сулејмани.

Презентирајќи ги приоритетите во работењето, министерот Љутков нагласи дека добрата соработка со вработените во ова министерство ќе продолжи и во наредниот период, со оглед на фактот што Сулејмани во изминатите години одреден период ја извршуваше оваа функција.

Министерот Љутков истакна дека пред Министерството за култура и туризам се наоѓаат многубројни предизвици кои со заедничка поддршка треба да се реализираат во интерес на културата и граѓаните на државава.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе