„Етно Македонија 24“ на програмата на „Скопско лето“

од admin_kult

Во рамките на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечер во „Сули ан“ ќе се одржи концерт на Музичката младина на Македонија, во соработка со Меѓународната музичка младина (Jeunesses Musicales International), кој ќе претставува завршен концерт од кампот „Етно Македонија 24“.

– „Етно“ е програма на Меѓународната музичка младина (JM International) за народна, светска и традиционална музика, наменета за млади музичари на возраст од 18 до 30 години. Програмата се спроведува во 45 земји во светот и има  цел да го оживее и да го одржи во живот глобалното културно наследство, ангажирајќи ги младите луѓе преку серија годишни меѓународни музички кампови – информираат од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе