Во Битола започнува 54. издание на фестивалот „Илинденски денови“

од admin_kult

Под мотото „Уметноста на традицијата“, од денеска, 19 јули, во Битола започнува 54. издание на фестивалот „Илинденски денови“.

На фестивалот, кој ќе трае 13 дена, ќе учествуваат над 1200 игроорци од: Македонија, Романија, Боливија, Јужна Кореја, Северен Кипар, Мексико, Турција, Србија и САД. Во рамките на програмата ќе се одржат работилници за деца, изложби, стручен симпозиум, Саем на книгата во соработка со „Бук хаус“ од Битола, концерти на КУД „Илинден“, Етнокамп на Македонија во соработка со Музичка младина, концерт на „Танец“ со наслов „Танец низ татковината“, промоција на „Монографија македонски народни носии“, како и традиционалните манифестации: „Ехо на дамарите“,  „Фолклорна прошетка низ светот“, „Вечер на традиционална музика и игра“, „Напладне низ Чаршија и Широк сокак“. Фестивалскиот карван годинава ќе се одржува во општините Новаци, Могила и Демир Хисар.

Фестивалот ќе започне со Меѓународниот филмски фестивал на етнографски филмови, кој годинава го има своето трето издание и на кој ќе бидат прикажани 40 филмови.

Покровител на фестивалот, кој е во организација на Центарот за култура –Битола, е претседателот на Собранието, а се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Битола.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе