Мултимедијален настан „Читаме и сликаме музика“ во Крива Паланка

од admin_kult

На Летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка денеска, 15 јули, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи мултимедијалниот настан „Читаме и слушаме музика“. На настанот ќе настапат харфистката Весна Станојевска Микиќ, актерот Александар Микиќ и академската сликарка Валентина Илијевска.

Според организаторите, публиката ќе има можност да ужива во убавата музика, актерскиот перформанс и визуелната уметност низ динамична атмосфера и интеракција.

Настанот е во рамките на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето“ и „Крива Паланка – град на културата“.

Претпладне, пак, во чест на Денот на младинските вештини, во 12:00 часот во Европска куќа Крива Паланка, ќе се одржи настан во кој младите ќе творат инспирирани од природата и ќе учат за животната средина на работилницата за цијанотипија. Инаку, цијанотипијата важи за еден од најстарите фотографско-печатарски процеси во историјата.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе