Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во посета на Плаошник

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска (12.7.2024 г.) престојува во Охрид каде што ќе се обрати на отворањето на 64. издание на Фестивалот „Охридско лето“.

Во рамките на престојот во Охрид, министерот Љутков денеска во 14:00 часот ќе го посети Плаошник, заедно со градоначалникот Кирил Пецаков и в. д.  директорите на Управата за заштита на културното наследство,  Весела Честоева,  и на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Горан Патчев.

Изјави за медиумите се предвидени во 14:15 часот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе