Во Музејот на Град Скопје утре (10 јули) во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Модерна традиција“ од Филип Фидановски. Гостин на изложбата, која се реализира во рамките на „Скопско лето 2024“, е Марјана Костојчиноска-Узунчева.
Изложбата „Модерна традиција“ претставува спој на традиционалната грнчарија, која е автентична за македонската традиција, и нејзиното трансформирање во модерен визуелен стил со авторски пристап на уметникот. Со оваа изложба, вниманието се насочува кон зачувувањето на традиционалниот грнчарски занает, кој е во ризик од исчезнување, и ја илустрира умешноста на авторот преку неговото сликарство во керамиката, кое се смета за една посебна и уникатна дисциплина во керамичката уметност.
Повеќе за авторот и за неговото творештво може да се види на веб-страницата на авторот: https://filipfidanovski.mk/