Средба на министерот Љутков со јапонскиот амбасадор Оцука Казуја

од admin_kult

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари работна средба со јапонскиот амбасадор во земјава, Оцука Казуја. На средбата, соговорниците се согласија дека изминатите три децении од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји ги одбележаа постојана соработка и силно партнерство.

Министерот Љутков упати благодараност до амбасадорот Казуја за донациите во областа на културата, меѓу кои се и инструментите и друга опрема наменети за Националната опера и балет.

На средбата беше констатирано дека извонредните релации во културата меѓу двете земји се должат и на одличната соработка со Амбасадата на Јапонија во Скопје. Беше нагласено дека за тоа сведочи и обемната културна програма за промоција на јапонската култура, која преку целата година се одвива во знакот на одбележувањето на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.

На средбата беа разгледани и можностите да се воспостави и соработка во областа на туризмот, преку кој ќе се промовира и нашето уникатно културно наследство.  

Соговорниците на крајот ја истакнаа и заедничката желба за унапредување на односите во областа на културата и се заложија да работат во таа насока во следниот период.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе