Оркестарот на Филхармонијата вечер со почеток во 20:00 часот ќе го изведе концертот „Сила“, на кој како солисти ќе настапат Пачо Флорес на труба (Венецуела), Лео Рондон на венецуелска гитара (Венецуела), а диригент е маестро Мануел Хернандез-Силва (Венецуела/Шпанија).
Публиката ќе има ретка можност да биде дел од латиноџез-концертот на музичарите Флорес и Рондон кои ќе овозможат да се доживее едно исклучително уникатно музичко искуство.