Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за Програмата за стипендии на УНЕСКО и Народна Република Кина во чии рамки се доделуваат 75 стипендии за академската 2024/2025 година од страна на Владата на Народна Република Кина.
Стипендиите се однесуваат на додипломски и постдипломски студии во времетраење од една година на селектираните универзитети во Народна Република Кина, а целта е промоција на меѓународната размена во областа на образованието, културата, комуникациите, науката и технологијата и зајакнување на соработката меѓу младите од целиот свет.
Сите информации околу Програмата и условите за аплицирање се достапни на: https://www.unesco.org/en/fellowships/greatwall