Под мотото „Траење…“, во Кинотеката на Северна Македонија денеска и утре ќе се одржува 14. „Анимакс Скопје фест“ на кој во официјалната селекција ќе бидат прикажани 30-ина анимирани филмови избрани од над 1800 пријавени остварувања од светот.
Селектор на годинашното фестивалско издание е Диме Ратајковски, а членови на жирито кои ќе одлучуваат за добитниците на наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула се Илиана Петрушевска, Ева Камчевска и Саша Станишиќ.
Проекциите ќе почнуваат во 20 часот. Влезот е слободен.