Заменик-министерот за култура Даим Лучи кој е во посета на Измир, денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Каршијака, Џемил Тугај како и со градоначалникот на општина Тургутлу Четин Анкин.
На средбите со градоначалниците Лучи истакна дека за него претставува голема чест и задоволство што престојува во Турција на еден значаен датум како што е одбележувањето на 100 годишнината од модерна Турција.
Лучи на средбите со градоначалниците Тугај и со градоначалникот Акин кој потекнува од струмичкиот крај потенцираше дека во Северна Македонија се почитува посебноста на турците и нивниот јазик. Воедно беше потврдена соработката особено на ниво на локалните самоуправи меѓу двете држави.