На големата сцена на Гостиварскиот театар денеска премиерно ќе биде изведена претставата на „Ачик ајле“ (Açık aile), работена по делото „Отворен пар“ од италијанскиот автор Дарио Фо, а во режија на Сулејман Рушити.
Станува збор за комедија што ќе биде изведувана на турски јазик, во која актерската екипа ја сочинуваат Инес Радончиќ, Береда Решит, Елизабета Клиничаревска Младеновска и Исмаил Омер, а музичкиот перформанс е во изведба на музичарите Фатон Стафаи, Хабиб Несими и Марсел Ајдари.
Изборот на музиката што ќе се изведува во живо е на Теута Халими Селмани.
Покрај оваа премиера, Гостиварскиот театар работи на уште две претстави со кои наскоро ќе се претстави пред публиката.