„Македонските архитектурални скулптури“ е насловот на изложбата на фотографии од Ерина Богоева која беше отворена синоќа во Галеријата 2 во Младинскиот културен центар.
Монументалистичката архитектура е присутна не само во главниот град туку и во целата држава и таа досега ретко била предмет на истражување, фотографирање и презентирање. Преку фотографиите, Ерина Богоева ја прикажува оваа архитектура во целосната нејзина скулптурност, комплетно извадена од временскиот и просторниот контекст.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и од Младинскиот културен центар и е од продажен карактер.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 15 октомври 2023 година.