Во Даут-пашиниот амам денеска во 20:00 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Симон Шемов.
Куратор на проектот „Мултиверзум“, во чии рамки ќе бидат претставени над 400 дела од творечкиот циклус на уметникот Шемов, е Ана Франговска.
Поставката ќе биде достапна за посетители до 27 ноември.