Во рамките на манифестацијата „Скопје во пет и седумнаесет – 60 години земјотрес“, на 26 јули (среда) во 13:30 часот во Музејот на современата уметност (МСУ) ќе биде отворена дигиталната изложба на Државниот архив „Подемот и падот на Скопје“. Предвидено е министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, да ја отвори изложбата и да им додели благодарници на амбасадорите од земјите донатори по катастрофалниот земјотрес. На настанот ќе се обрати и претседателот на државата, Стево Пендаровски, а од името на дипломатскиот кор, обраќање ќе има амбасадорот на Полска, Кшиштов Гжелчик, како претставник на земја со чија донација е изграден МСУ.
Информација за новинарските екипи:
Напомнуваме дека новинарските екипи утре (26 јули) треба да бидат пред Музејот на современата уметност најдоцна до 13:15 часот.
Исто така, нагласуваме дека настанот ќе може да го проследат само новинарските екипи што се акредитирани.