Денеска и утре (29 и 30 мај) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи 12. Научен собир „Млади македонисти“ – конференција во чест на проф. д-р Лилјана Минова-Ѓуркова.
На собирот е најавено учество и на странски млади македонисти кои, како што нагласуваат организаторите, за македонскиот јазик, литература и култура се приврзаа на лекторатите по македонски јазик на странските универзитети и на нашите летни и зимски школи.
„Дел од нивните истражувања кои ќе ги презентираат се поттикнати со лекторската настава“, потенцира организаторот.