Во Народниот театар во Охрид вечер (12 април) во 20 часот претпремиерно ќе биде изведена претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников. Премиерата на оваа гротескна комедија во два чина ќе биде утревечер (13 април).
Во претставата настапуваат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.
Сценографијата е на Михаел Димитровски, костимографијата на Валентин Дамчевски, а кореографијата е на Борис Богдановски.
– „Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во ГРОТЕСКА И ИРОНИЈА, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест – информираат од Народниот театар од Охрид.