Жирито на 8. Меѓународeн театарски фестивал што се одржа во Анадолија, Република Турција, му додели меѓународна награда за драмски автор на македонскиот писател Гоце Ристовски.
– Жирито ги вреднуваше домашните и странските театарски движења и одлучи да бидат наградени театарски луѓе кои со својот придонес ја збогатиле театарската уметност во периодот 2022 – 2023 година. Во областа на драмската литература, жирито високо го оцени придонесот на Гоце Ристовски преку неговите драми, вреднувајќи ги високо, и со задоволство му ја додели меѓународната награда за драмски автор – се вели во образложението.
Наградите, како што се посочува, ќе бидат врачени на свеченост што ќе се одржи на 24 април.