Во Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп денеска (9 март 2023 г.), од 18:00 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Пипи Долгиот Чорап“.
Претставата е работена според текстот на шведската авторка Астрид Линдгрен, а е во режија на Кристина Димитрова и драматизација на Ивана Нелковска.
Во претставата играат: Ангела Наумоска, Наташа Ачански, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски и Михајло Миленкоски. Музиката е на Томе Темелкоски, сценографијата на Бојана Артиновска-Трпческа, а костимографијата и дизајнот на плакатот се на Христијан Нашуловски.