Во Театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Пипи Долгиот Чорап“

од admin_kult

– Во Театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Пипи Долгиот Чорап“ од Астрид Линдгрен, во режија на Кристина Димитрова – информираат од Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп. Оттаму додаваат дека е ова самостоен проект на Театарот „Војдан Чернодрински“, а премиерата се очекува набрзо.

Драматизацијата на популарниот текст е на Ивана Нелковска.

Димитрова вели дека како театарски режисер, често размислувала кои книги, претстави, серии и филмови ѝ се допаѓале како дете и дека тоа размислување довело до тоа „Пипи Долгиот Чорап“ да ѝ биде најголемата инспирација.

– Ми се допаѓаше сѐ што беше необично и неконвенционално. Ми се допаѓаа волшебните светови, патувањата во далечните земји и апсурдниот хумор. И бидејќи ми се допаднаа сите овие работи, мојата најголема инспирација е „Пипи Долгиот Чорап“. Затоа решив да ја поставам на мојата матична сцена, Театарот „Војдан Чернодрински“. Всушност, претставата ќе говори за слободата, авантурата, незавиноста и големата детска фантазија – вели режисерката Димитрова.

Во претставата ќе играат: Ангела Наумоска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески и Михајло Миленкоски. Сценографијата ја работи Бојана А. Трпческа во соработка со Петко Ристески, костимите ги изработува Христијан Нашуловски, а за музиката е задолжен Томе Темелкоски.

„Пипи Долгиот Чорап“ e светскa детска класика, преведена на околу осумдесет јазици и дијалекти, а авторката Астрид Линдгрен се смета за една од најпознатите писателки на детски книги во светот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе