Македонската уметница Марија Павловска, е добитничка на меѓународната награда „Донатело“ на Фондацијата „Fondazione Effetto Arte“ од Италија. Ова престижно признание, ѝ е доделено во палатата Боргезе во Фиренца во присуство на колекционери, новинари, политичари и љубители на уметноста..
Павловска е избрана од кураторите Салваторе и Франческо Саверио Русо – Фондазионе Ефето Арте и од уметничкиот директор Сандро Серадифалко.
Во својата дваесетгодишна кариера, Павловска има реализирано повеќе од 30 самостојни и 100 групни изложби во земјава и во странство, а добитник е и на бројни меѓународни награди.