Во изложбениот салон на Музејот на град Неготино денеска во 13:00 часот ќе биде отворена осмата биенална изложба на цртежи „Скици 2022“ во соработка со НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово. Со оваа изложба започнуваат и тековните активности, настани на Музејот на град Неготино.
Во рамките на изложбата ќе бидат поставени 19 дела од 14 автори – академски ликовни уметници од Куманово: Зоран Јакимовски, Мухамедали Алили-Дали, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Ана Јовановска, Валентина Илијевска, Стефан Анчевски, Марија Величковска и Симона Димковиќ.
Со оваа изложба започнуваат и тековните активности, настани на Музејот на град Неготино.