Со особена чест и задоволство ве покануваме на јавна расправа за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик.
Јавната расправа ќе се одржи утре (26 јануари) од 12 часот во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.
Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик го изготвија Министерството за култура и Советот за македонски јазик.