Оркестарот на Филхармонијата, утре, четврток 24.11.2022 г. со почеток во 20 часот, ќе го одржи концертот насловен „Азно“ со кој ќе одбележи 78 години од формирањето на институцијата.
На роденденскиот концерт како солист ќе настапи Кирил Трусов, еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена во моментов, а солистка е и македонската обоистка Гордана Јосифова Неделковска. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од Јохан Себастијан Бах, Макс Брух и П.И.Чајковски.