Интернационалниот уметнички фестивал „К’ту фест“ („K’tu Fest“), кој го организираат Олса и Џеладин Пошка, ги отвори вратите за уметниците. На ова 9-то издание на фестивалот, што се одржува во Струга, од 18 до 21 септември, ќе бидат претставени театарски дела од домашни и странски автори.
На отворањето на фестивалот се обрати и Афет Јашари, советник во кабинетот на министерката за култура, кој го истакна значењето на овој фестивал и можноста за интензивно претставување на културни содржини пред публиката во Струга.
Овој фестивал има меѓународен карактер и за време на фестивалски денови предвидено е претставување на уметници од Албанија, Косово и Северна Македонија.
Фестивалот „К’ту фест“ е поддржан во програмата за поддршка на проекти од национален интерес на Министерството за култура.