Циклус „19“ е насловот на изложбата на академската уметница Христина Зафировска што денеска (22 август 2022 г.), во 14:00 часот, ќе биде отворена во галерискиот простор на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул,Турција.
Преку својот најнов циклус од 19 дела, авторката на апстрактен и сликовит начин го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата.
Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура.
Христина Зафировска досега има реализирано четиринаесет независни проекти кои се претставени во Германија, Франција, Бугарија и во повеќето градови во земјава. Нејзините дела се дел и од над 160 групни претставувања низ светот.