Во рамките на манифестацијата „Илинденски денови“, вечер (25 јули), со почеток во 20 часот, ќе биде претставен мултимедијален проект за градската култура, кој вклучува: настап на Ансамблот „Македонија“, отворање изложба и изведба на музички перформанс.
Активностите ќе се одржат во фоајето и на катот од Офицерскиот дом.
На изложбата ќе бидат прикажани костими од периодот на Ала Франга со потекло од крајот на 19 и почеток на 20 век, елементи од облека што се носеле во градовите Битола, Прилеп и Скопје.
Од музичката култура ќе има презентација на чалгиската традиционална култура претставенa преку песните и ората кои биле на репертоарот на повеќе градски центри сѐ до почетокот на 20 век.