Етногрупата „Баклава“ вечер од 20:00 часот во киното „Мис Стон“ при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе одржи целовечерен концерт на кој ќе се претстави со избор на музика од своите албуми.
„Баклава“ е група основана во 2005 година како резултат на индивидуални музички искуства на нејзините членови во различни проекти. Групата има настапувано низ земјава, во Данска, Франција, Германија, Белгија, Чешка, Турција, Србија…
Концертот е финансиски поддржан од Министерството за култура во програмата за 2022 година.