Во текот на вчерашниот ден државниот секретар на Министерството за култура на Република Северна Македонија г-дин Валмир Азири учествуваше на отворањето на изложбата „Класик“ на сликарот Г’зим Аземи.
Изложбата беше реализирана во фоајето на Центарот за култура во Тетово., а пораката што ја пренесува преку изложените дела, покажа дека класичната, традиционалната уметност се вредност и принципи врз кои ќе се градат темелите на нашето општество.
Вредностите кои сликарот ги издвојува преку своите слики се и лицето на класичната музика, по теркот на големите мајстори кои ги поставија темелите на класичната музика како: Бетовен, Чајковски, Моцарт но сепак не ја забораваат изворноста на класично албанско птаре, големиот Нехмије Пагаруша и многу други.