Поддршката за циркулацијата на европските книжевни дела се однесува на проектни активности поврзани со превод на европски книжевни дела, нивно публикување/објавување, дистрибуција и промоција.
За повикот се обезбедени средства во вкупен износ од 5 000 000 евра , а се очекува да се поддржат околу 40 проекти – реализирани од еден субјект или група организации/партнерски конзорциум.
Теми и приоритети на повикот
- Засилување на транснационалната циркулација и разновидност на европските литературни дела.
- Поттикнување на преводот и на промоцијата на литературните дела напишани на помалку застепените (користените) јазици со цел да се зголемат нивниот тираж и промоција на поголемите европски пазари и пошироко.
- Развој на нова публика.
- Засилување на конкурентноста во книжниот сектор преку поттикнување на соработката во рамките на секторот.
Квалификувани активности
- Превод, публикување/објавување, промоција и дистрибуција на објавените дела и активности, кои ќе помогнат во продажбата на правата за превод во Европа и пошироко.
- Предложените активности мора да се групираат во работни пакети (work packages) кои треба да содржат конкретни и соодветни листи на активности, очекувани резултати, пресвртници и критични ризици. Работните пакети мора да се организираат во стандардни пакети со можност за додавање нови.
Проектите треба да се реализираат од страна на еден субјект или група организации/партнерски конзорциум. Секој проект мора да се базира на добра уредувачка и промотивна стратегија која вклучува пакет од најмалку 5 книжевни дела преведени од и на квалификуваните јазици. Проектот треба да ги содржи следниве елементи:
- придонес кон разновидноста на книжевноста во дадена земја (или земји) преку вклучување книжевни дела од недоволно застапени земји, со акцент на делата што се напишани на помалку користените јазици;
- стратегија за дистрибуција која ќе обезбеди широк и лесен пристап до делата за пошироката јавност;
- стратегија за промоција која придонесува за проширување и развој, односно за обновување на публиката;
- соработка меѓу авторите, преведувачите, издавачите, дистрибутерите, книжарниците, библиотеките, фестивалите, литературните настани и сл.;
- придонес за подигнување на профилот на преведувачите и почитување на принципот на правично наградување;
- придонесе кон стратегиските приоритети (cross-cutting issues).
При подготовка на предлог-проектите, посебно внимание треба да се посвети на извештајот „Преведувачи на насловна’’, подготвен од експертската група на ЕУ, за повеќејазичност и превод во рамките на Oтворениот метод за координација (Open metod of coordination – ОМС).
Дополнително, Повикот ги вклучува и другите стратегиски приоритети на ЕУ, особено поврзаноста на предлог-проектите со Европската година на младите – 2022 година.
Категории проекти
Мал обем – преводи на најмалку 5 различни книжевни дела – кофинансирање од ЕУ до 100 000 евра од вкупниот буџет на предлог-проектот.
Среден обем – преводи на најмалку 11 различни книжевни дела – кофинансирање од ЕУ до 200 000 евра од вкупниот буџет на предлог-проектот.
Голем обем – преводи на најмалку 21 различно книжевно дело – кофинансирање од ЕУ до 300 000 евра од вкупниот буџет на предлог-проектот.
Кофинансирањето од ЕУ во сите категории на Повикот е 60 % од вкупниот буџет на предлог-проектот, а времетраењето на проектот е максимум 36 месеци.
Квалификувани учесници
На Повикот може да аплицираат сите правни субјекти (приватни и јавни/национални, регионални и локални) од земјите учеснички во Програмата, кои се активни во областите на издаваштвото и книжевноста најмалку две години до денот на поднесувањето на онлајн апликацијата.
Квалификувани јазици за превод
- Изворните и целните јазици мора да бидат официјалните јазици на земјите кавалификувани за учество во Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“.
- Квалификувани се преводи од старите јазици, латински и старогрчки, на официјалните јазици на земјите учеснички во „Креативна Европа 2021 – 2027“.
- Преводите треба да содржат прекугранична димензија, а преводите од еден на друг службен јазик во рамките на една држава не е квалификуван доколку не постои стратегија за дистрибуција надвор од засегнатата земја.
Квалификувани дела за превод
- Белетристика, без оглед на литературниот жанр или формат (печатена или дигитална книга/вклучително аудиокнига), како што се: роман, расказ, драма и радиопретстава, поезија, стрип и литература за млади.
- Книжевните дела треба се веќе објавени.
- Авторите на предложените книжевни дела треба да бидат граѓани, жители или признати како дел од книжевното наследство на државата што ги исполнува условите од Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“.
- Книжевните дела не смее да се веќе преведени на целниот јазик освен ако новото барање/предлог за превод не соодветствува со јасно проценета потреба за нив.
Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија во согласност со крајниот рок, 31 мај 2022 година, најдоцна до 17 часот средноевропско време.
Евалуацијата на проектите се врши од страна на независни експерти во соработка со Европската комисија.
Линк за Повикот за поднесување предлог-проекти за циркулација на европските книжевни дела во 2022 година (CREA-CULT-2022-LIT) со краен рок за поднесување на онлајн апликациите на 31 мај 2022 година: