Оркестарот на Филхармонијата в четврток (24.2.2022 г.), со почеток во 20 часот, премиерно ќе го изведе делото „Реквием за мојот пријател“, од полскиот композитор Збигњев Прајснер, посветено на неговиот соработник и пријател, режисерот Кшиштоф Кишловски.
Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а како солисти ќе настапат вокалистите Билјана Јосифов, Енди Шен Лиу (Кина/Англија), Бојан Булатовиќ (Србија), Ѓорѓи Цуцковски, Александар Стефаноски, како и Золтан Борбељ (Србија) на оргули, Каролина Бетер (Германија/Србија) на соло блок флејта и мешаниот хор „Про арс“.
Збигњев Прајснер (1955) е еден од водечките композитори на филмска музика и еден од најзначајните во неговата генерација. Прајснер соработуваше со познатиот полски режисер Кшиштоф Кишловски на неговите филмови „Декалог“, „Двојниот живот на Вероника“ и трилогијата „Три бои: сино, бело и црвено“, кои му донесоа интернационална слава.