НУ Театар „Комедија“ годинава ја започнува со изведба на хит-комедијата „Вечера за глупаци“ во режија на Ирена Стеријоска, чија премиера беше во 2020 година. Во претставата играат: Атанас Атанасовки, Тино Костадиновски, Илија Илијоски, Јаков Спасов, Столе Мицов, Ема Давчева и Тони Денковски.
Од управата на Театарот, кој годинава ќе одбележи една деценија од своето постоење, најавуваат нови премиери, гостувања, учества на фестивали, реализација на фестивалот „Гола месечина“, како и низа новости што ќе бидат во знакот на јубилејот.
Иако во време на пандемија со ограничен број публика според протоколите за настани во затворен простор, во Театарот овој месец, покрај претставата „Вечера за глупаци“, публиката ќе има можност да ги види и претставите: „Грдиот“ и „Клетвата на Скотје“.