Интензивно се работи на конзервација на фрескоживописот во манастирот „Св. Богородица Милостива Елеуса“ во струмичкото населено место Вељуса кој потекнува од 11 век.
Таму конзерватори секојдневно работат на обнова на фрескоживописот кој е повеќеслоен и преставува виситнско ремек дело за духовната историја на овие предели.
Конзервацијата на фрескоживописот е дел од проектот за комплетна заштита на црквата, а опфаќа и конзервација на надворешната фасада, интервенции на кровот и конзервација на мозаикот. Средствата во висинао од 100.000 долари се добиени од Амбасадорскиот фонд на Соединетите Американски Држави. Проектот се реализира преку Заводот за заштита на културното наследство и музеј – Струмица.