Милчо Манчевски го почнува снимањето на својот седми филм „Кајмак“. Во оваа црна комедија за две семејства, која ги критикува лицемерието и малограѓанштината ќе играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски и други актери.
Манчевски е сценарист и режисер, афилмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија, копродуцент е Македонската Радио Телевизија,
Филмот е во продукција на „Банана филм, а продуцент е Јане Ќортошев .
Инаку, според финансиската конструкција за филмот кој ја доби поддршката и од европскиот фонд „Еуримаж“, Македонија учествува со 48 проценти, додека 52 проценти од средствата доаѓаат од странство.
Филмот ќе се снима исклучиво на локации низ Скопје.